Црна Гора ја ограничи цената на белиот леб
Владата на Црна Гора донесе одлука за максималната малопродажна цена на белиот леб, по предлог на министерството за економски развој.
Владата ја ограничи цената на лебот од 500 до 600 г на 50 центи за векна (околу 30 денари), а од 300 до 400 г на 40 центи за векна.
Како што велат оттаму, целта на оваа одлука е да се спречи понатамошен раст на цената на белиот леб.