Германски универзитет нуди стипендија за безделничење
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Германски универзитет нуди стипендии за безделничење на кандидати кои ќе бидат сериозно посветени да не прават ништо.
Универзитетот за ликовни уметности во Хамбург ќе додели три стипендии во вредност од 1.600 евра за кандидати од цела Германија. Кандидатите ќе можат да ги достават нивните анонимни апликации до 15 септември и ќе мора да го убедат жирито дека нивната избрана област на „активна неактивност“ е особено импресивна и релевантна.
Формуларот за аплицирање се состои само од четири прашања: Што не сакате да правите? Колку долго не сакате да го правите тоа? Зошто е важно да не се прави оваа работа? Зошто вие сте вистинската личност за да не го правите тоа?
- Да не се прави ништо и не е баш лесно. Сакаме да се фокусираме на активната неактивност. Ако кажете дека нема да се поместите една недела, тоа е импресивно. Ако предложите дека нема да се поместите ниту да размислувате, тоа е уште подобро - вели Фридрих вон Бори, архитект и теоретичар за дизајн, кој ја измисли програмата.
Идејата за проектот произлезе од дискусијата за противречностите на општеството што промовираат одржливост при истовремено вреднување на успехот.
Фото: Pixabay
- Оваа
стипендија не е шега, туку експеримент со сериозни намери - како може да се сврти општеството кое е структурирано околу достигнувањата? - вели Фридрих.
Стипендијата ќе се додели по доставување извештај за искуството кон средината на јануари 2021 година. Оние што не успеале да го исполнат ветувањето нема да бидат казнети.
Кандидатите се слободни сами да ја утврдат должината на нивната неактивност.
- Ако велите дека нема да спиете, тогаш тоа можете да го направите само неколку дена. Но, ако велите дека нема да одите на шопинг, тогаш тоа е нешто што можете да го издржите подолго време - вели Фридрих.
Сите апликации ќе бидат дел од изложбата со наслов „Училиштето на безначајност: кон подобар живот“, што ќе се одржи на Универзитетот во Хамбург во ноември. Ќе биде структурирано околу прашањето: Кон што можам да се воздржам, така што мојот живот би имал помалку негативни последици врз животот на другите луѓе?
Извор:
The Guardian
Фото: Freepik