Нова станбена зграда во Њујорк ќе го прочистува воздухот

Нова станбена зграда во Њујорк ќе го прочистува воздухот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Студиото „Ресубика“ со седиште во Париз неодамна го објави предлогот за нова зграда во Њујорк што ќе остави вистински архитектонски и еколошки белег. Кулата, чија висина ќе достигне речиси 740 метри, всушност би ги заробувала емисиите на јаглерод, намалувајќи го јаглеродот во атмосферата.

Наречена „Мандрагоре“, станбената зграда ќе изгледа како мандрагора за да ја симболизира  деликатната врска помеѓу луѓето и природата. Замислена е како одговор на проектот „Град на иднината“, чија цел е да го направи Њујорк јаглеродно-неутрален до 2050 година. Предложената структура ќе го зафати островот Рузвелт и ќе има резервоар што ќе апсорбира повеќе С02 отколку што ќе емитува.

1

Зградата ќе има над 160 ката и ќе користи 36 турбини на ветер, ќе има 1.600 дрвја, 24.000 квадратни метри ѕид и 7.000 фасади со соларни панели. Тоа заедно со употребата на дрвени материјали ќе помогне во намалувањето на јаглеродот во воздухот. Подземните цевки што ќе ја фаќаат и растеруваат топлината ќе овозможат температурата на зградата да биде контролирана на многу поеколошки начин.

2

Исто така, студиото го користи концептот на „енергетска трезвеност“ за да помогне во изработката на проектот. Идејата е дека промените во општествениот животен стил можат да помогнат да се постигне јаглерод-неутралност. Значи, тие предлагаат секој апартман да има работен простор дома, со што на крај би се намалиле емисиите на јаглерод предизвикани од дневните патувања.

Да не споменуваме дека сето ова ќе биде сместено во неверојатен комплекс кој изгледа како модерна скулптура што ќе излегува на Ист Ривер.

Извор: Departures.com
Фото: Rescubika