Работниот ден на професионалната двојничка на кралицата Елизабета Втора
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Секое телевизиско појавување на британската кралица Елизабета Втора подразбира многу подготовки и вежбање. Но кралицата се појавува само за главниот настан, а планирањето се прави без нејзино присуство. Тука стапува на сцена Ела Слак, професионалната двојничка на кралицата која е дел од подготовките за сите настани на кои учествува кралицата.
Слак мавта, седи и стои на местото на нејзиното
височество последните 30 години, а со тоа им овозможува на камерманите и продуцентите подобро да се подготват за настаните во живо на кои присуствува кралицата.
Како што самата објаснува во видеото подолу, таа не наликува на кралицата во лицето, туку во изгледот и држењето на телото.