Британска репортажа од 1989 г. за летување во поранешна Југославија

Британска репортажа од 1989 г. за летување во поранешна Југославија

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

На платформата „Јутјуб“ неодамна била објавена британска репортажа од 1989 година за летување во тогашната Југославија. Поточно, во репортажата се препорачува летување во Хрватска, а се известува за природните убавини, туристичките понуди, цените, плажите, но и високиот процент на инфлација во тоа време.

Наратор и презентер е британскиот новинар Џон Картер, кој го опишува секојдневниот живот и она што можело да се очекува од локалните кафулиња и ресторани. Во видеото се прикажува и свежо изградениот мост до островот Крк, кој во тоа време бил најголем на Јадранот.

- Порано ги посочив добрите услови на „размена“ во смисла на тоа што може да го добиете за одредени пари, но вредноста на одморот може да се мери и на друг начин. Ќе се мери по уживањето и задоволството што ги доживувате секој ден, а верувајте ми дека секој ден поминат овде ќе бидете многу задоволни - порачал Картер.


Извор: Klix
Фото: YouTube/Printscreen