Ја истражувал забранетата зона во Чернобил и открил дека таму живеат 92-годишна жена и нејзиниот син
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Додека мини-серијата „Чернобил“ предизвика прилично голем интерес за катастрофата, тоа не значи дека ова место и претходно не предизвикуваше интерес.
Постојат многу документарни филмови, книги, статии, па дури и видеоигри за овој настан или базирани на овој настан.
Била потребна само една ноќ за оваа област да стане една од најопасните локации на планетата, па дури и сега, по 34 години од настанот. Но, тоа не ги спречува луѓето да одат таму за да се уверат во тоа, а очигледно и не ги спречува ни да живеат таму.
Бенџамин Рич, Британец кој е влогер, одлучил да ја посети вистинската забранета зона во Чернобил. Бенџамин е најдобро познат по неговиот јутјуб-канал „Болд енд бенкрапт“. Тој ја почнал својата јутјуб-кариера во 2018 година документирајќи ги индиските супконтинентални области, како и постсоветските држави.
Една од локациите што одлучил да ги посети беше забранетата зона во Чернобил. Ако не знаете, тоа е официјално прогласена забранета зона што се наоѓа на радиус од 30 километри околу електраната Чернобил, за која се смета дека е прилично опасна за луѓето. Барем беше пред неколку децении.
Денес оваа зона и понатаму е опасно место, но нивото на зрачење е доволно намалено за да биде безбедно за луѓето да го посетуваат. Новинарите, научниците и туристите најмногу ја посетуваат локацијата.
Бидејќи Чернобил се наоѓа на границата на Украина и Белорусија, Бенџамин одлучил да помине низ белоруската страна на забранетата зона.
На негово изненадување, тој го сретнал Игор, кој живее токму во зоната заедно со неговата 92-годишна мајка. Игор го поканил во неговиот дом за Бенџамин да види каде живее тој и да се запознае со неговата мајка.
Бизарна е самата помисла дека зоната е населена, но тоа е реалност. Интересно е тоа што овие двајца не се единствени
жители. Се смета дека токму во зоната живеат околу 200 луѓе на просечна возраст од 63 години. Во 1986 година 1.200 луѓе тука живееле нелегално.
Властите ги замолиле да ја напуштат зоната, но со текот на времето престанале да се обидуваат и го прифатиле нивното присуство нудејќи им ограничени услуги за поддршка. Игор објаснува дека државните службеници доаѓале и ги мереле нивоата на зрачење за да утврдат дали имаат право на дополнителни приходи поради опасната околина. Тие престанале да ги добиваат овие приходи пред некое време, откако зрачењето се намалило. Бенџамин открил дека мајката на Игор била родена во декември 1927 година и дека таа цел живот живеела во оваа област.
Извор:
Bored Panda
Фото: Bald and Bankrupt/YouTube