Загатката со седумте сестри во колибата
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Следната загатка за седумте сестри звучи многу едноставно, но многумина не можат да го погодат решението од прва. Обидете се да го најдете одговорот. Решението се наоѓа на крајот.
Седум сестри отишле во колиба и секоја од нив одлучила да прави нешто. Првата почнала да чита роман, втората да прави палачинки, третата да игра шах, четвртата да решава крстозбори, петтата да пере алишта, а шестата почнала да ги наводнува растенијата. Што правела седмата сестра?
Фото: Pixabay
Одговор: Седмата сестра игра шах со третата сестра.