Психолозите велат дека постојат неколку причини зошто некој ни се допаѓа на почетокот, a некој не

Психолозите велат дека постојат неколку причини зошто некој ни се допаѓа на почетокот, a некој не

Подготвил: Тамара Гроздановски

Истражувањата покажуваат дека ни треба помалку од секунда по запознавање на една личноста за да одлучиме колку ни се допаѓа таа и дали нè привлекува или не. За некои луѓе привлечноста се појавува дури по долгогодишно пријателство. Одеднаш, колега или близок пријател може да ви изгледа многу привлечно, вели терапевтот Леј Норен.

– Во некои ситуации, привлечноста може да оди во спротивна насока, па привлечноста кон партнерот, на пример, може да исчезне, за подоцна наеднаш повторно да се појави – додава Норен и вели дека кога станува збор за таа инстант привлечност со која многумина можат да се поврзат, обично ја припишуваме на работи што ги забележуваме, како нечиј изглед. Не е невообичаено да имаме „тип“ на личност што ни се допаѓа, а тоа често го одредува првиот момент на привлечност. Сепак, има многу други фактори кои влијаат врз привлечноста повеќе од само изгледот – објаснува терапевтот.

Истражувачот Џастин Лемилер се осврнува на оваа тема и вели дека постојат неколку фактори што кај човек влијаат кога станува збор за тоа дали некоја личност ви се допаѓа или не.

Близина

Поголема е веројатноста да нѐ привлече некој што ни е географски поблизок, како личност која живее во соседството или колега/колешка од работа.

Сличност


Поголема е веројатноста да ни се допадне некој што е сличен на нас. Фактот дека сме различни не гарантира долговечност на врската или колку ќе бидеме среќни заедно.

Реакција на телото

Кога ќе сретнеме некого што не го познаваме, а ни се допаѓа, честопати самото тело ни дава знаци дека ни се допаѓа (забрзува пулсот поради адреналинот, па се зголемуваат шансите за моментална привлечност.

Расположение

Имаме тенденција да ни се допаѓаат луѓе кои прават да се чувствуваме добро. Исто така, повеќе ни се допаѓаат луѓето кога и сами сме во добро расположение, дури и ако тоа не се луѓе кои на почетокот правеа да се чувствуваме пријатно.

Изглед

Луѓето од сите полови ги привлекуваат луѓе кои се сметаат за физички привлечни. Но, привлечноста може да зависи од тоа како другите ја гледаат таа личност и во каква средина се наоѓаме (дали во истата просторија има други атрактивни или помалку атрактивни луѓе).

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik