Птиците вежбаат да пеат во сон
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Научниците знаат дека кога кучето мрда со нозете додека спие, навистина сонува, а кога птицата тивко се задлабочува во сонот, може да сонува додека нејзините мускули за пеење се грчат. Дали ова значи дека таа вежба во сонот?
Голем дел од птиците имаат специфични мозочни региони посветени на учење песни, вели физичарот Габриел Б. Миндлин од Универзитетот во Буенос Аирес. Неговото истражување ги испитува врските помеѓу соништата на птиците и репродукцијата на песни, особено кај видови птици што често учат нови звуци и песни, како и видови птици што поседуваат ограничен, инстинктивен капацитет за учење песни.
Научниците претходно набљудување заспани птици што прават движења слични на синхронизирање на усните. Во претходните истражувања Миндлин и неговите колеги поставиле електроди кај две птици од видот зебра финчес, а за ова истражување го направиле тоа кај птици од видот кискада. Ова им овозможило да снимаат и да споредуваат активности на невроните и мускулите кај птиците што спијат.
Кога спијат, птиците од видот зебра финчес пеат добро регулирана линија на стакато ноти. Но, нивните движења додека спијат се фрагментирани, неврзани и спорадични, слични како во сон. Се чини дека овие птици тивко вежбаат неколку ноти и потоа додаваат други, создавајќи шема на мускулна активност што Миндлин го потсетува на учење музички инструмент.
Ова вежбање е помалку веројатно кај кискадата која не учи, вели коавторот на истражувањето, Ана Амадор, невронаучник од Универзитетот во Буенос Аирес. Синтетизираната мелодија за спиење на кискадите се состоела од брзи, идентични нотни слогови кои звучеле гласно и агресивно и повеќе личеле на кошмар отколку на сон. Заспаните кискади често ги комбинирале овие движења со заканувачко покажување на пердувите на главата, што често се случува да го прават за време на нивните територијални конфликти кога се будни.
Неврологот Даниел Марголијаш од Универзитетот во Чикаго вели дека новите резултати се во согласност со неговите набљудувања на невроните на птиците што спијат. Тој советува научниците да бидат претпазливи при опишување на оваа активност на спиење како сонување.
Идните истражувања треба внимателно да ги испитаат состојбите со спиењето на птиците.
Извор:
Scientific American
Фото:
Wikipedia