Создадено вино што помага во слабеењето
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Рускиот биотехнолошки универзитет „Росбиотех“ претстави уникатен производ. Станува збор за вино слично на вермут кое придонесува за губење на тежина и ја зголемува отпорноста на стрес.
- Во Русија е развиена технологија за подготовка на вински пијалак кој има антидијабетични, антиоксидантни и имуномодулаторни својства, а исто така согорува масти - објави прес-службата на платформата Национална технолошка иницијатива.
Во подготовката на пијалакот се предизвикува ферментација на виното со печурката еуротиум кристатум и потоа се збогатува со биоадитиви.
Производот ја подобрува состојбата на панкреасот кај луѓето склони кон дијабетес, го активира метаболизмот, придонесува за губење на тежината и го зајакнува имунитетот. Од друга страна, пијалакот ги има вкусот, аромата и јачината на виното.
Биле создадени два рецепти за ароматизирани вина слични на вермут.
Извор:
Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay