Како Бетовен ја компонирал 9-та симфонија откако целосно оглувел?
Подготвил:
Тамара Гроздановски
- Не треба да знаете ништо за класичната музика за да уживате во една од најпознатите симфонии - 9-та симфонија на Лудвиг ван Бетовен, можеби едно од најиконските дела на западната музичка традиција - пишува „Џулијан џурнал“.
Фото: Wikipedia
Ова дело било завршено во 1824 година, а дотогаш Бетовен бил целосно глув. За време на првата изведба, Бетовен не забележал дека масовниот хорски став завршил, така што еден од музичарите морал да го сврти за Бетовен да ја види публиката.
Ова може изгледа како сурова шега, но тоа е вистината. Бетовен бил толку глув, што некои од најинтересните артефакти што ги оставил биле таканаречените „книги за разговор“, кои ги чувал од 1818 година па натаму за да комуницира со посетителите што морале да ги запишат нивните прашања и одговори.
Тогаш, како композиторот ги создал неговите неверојатни дела?
Користејќи ја деликатната, меланхолична „Месечева соната“ (која композиторот ја напишал во 1801 година, кога сѐ уште можел да слуша), Ст. Клер се обидува да ни покаже како Бетовен користел математички шеми скриени под прекрасните звуци. Според теоријата на Ст. Клер, Бетовен компонирал преку следење на математичката врска помеѓу точката на фреквенција на различни ноти, иако тој не пишувал симфонии во калкулус. Но, нејасно е како интуицијата за математика на Бетовен и висината одговарале на неговата способност да изрази таков спектар на емоции преку музика.
Можеме да дознаеме повеќе за глувоста на Бетовен и биолошката врска со неговиот стил на компонирање на краткото видео подолу со научниот соработник Едоардо Саценти и неговиот колега Ејџ Смилде од групата за анализа на податоци од Институтот за животни науки во Амстердам, Свамердам. Пребројувајќи ги високите и ниските фреквенции во целосните гудачки квартети на Бетовен, задача што му одзела многу недели на Саценти, тој и неговиот тим успеале да покажат како три различни стилови на компонирање одговараат на фази во прогресијата на неговата глувост.
Прогресијата е необична. Како што неговата состојба се влошувала, така Бетовен вклучувал сѐ помалку и помалку високи фреквенции во неговите композиции. Од 1824 до 1826, годините на доцните низински квартети и на целосната глувост, како и завршувањето на 9-та симфонија, високите ноти се вратиле делумно поради рамнотежата помеѓу аудитивната повратна информација и внатрешното уво.
Потпирањето на Бетовен и неговото внатрешно уво ја направила неговата музика многу
побогата. Како? Како што вели еден виолинист во видеото, тој добил повеќе слобода бидејќи не бил врзан за физичкиот звук, туку можел да ја искористи својата имагинација. Во секој случај, ниеден извор на рационално објаснување не може да ја поништи нашата зачуденост за тоа дека човекот што ја напишал моќната „Ода на радоста“ не можел да слуша.