Користам знаковен јазик во песната „Сакам“ за да ме разберат и тие што не можат да ме слушнат
Марија Спасовска расте со музиката и со уметноста. Таа е ведро девојче кое сака со песна да им упатува силни пораки на луѓето. Една таква песна неодамна излезе од креативната работилница на повеќе автори и се вика „Сакам“. Марија, која има 14 години и учи во 9. одделение во основното училиште „Александар Македонски“ во Скопје, го напиша и текстот за песната. Композитор и продуцент е Роберт Бимбилов.