Илон Маск се обидел да ја продаде „Тесла“ на „Епл“, но не добил состанок

Илон Маск се обидел да ја продаде „Тесла“ на „Епл“, но не добил состанок

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Не е тајна дека развивањето и производството на „модел 3“ на „Тесла“ било тешко. Тоа било тешко време и за извршниот директор на автомобилската компанија Илон Маск.

Претприемачот зборувал за овие тешки периоди, но досега не открил дека се обидел да ја продаде компанијата, и тоа на „Епл“. Имено, Маск во вторникот напиша на „Твитер“ дека се обидел да му пристапи на Тим Кук од „Епл“ за да ја продаде компанијата, но од „Епл“ не го прифатиле неговото барање за состанок.

Маск изјавил и дека планирал да ја понуди компанијата за продажба за една десеттина од нејзината денешна вредност, односно околу 6 милијарди долари.



Коментарот на Маск доаѓа откако „Ројтерс“ пренесе дека „Епл“ планира да работи на свој електричен и автономен автомобил кој треба да биде претставен во 2025 година. Во меѓувреме, „Тесла“ работи на изградбата на фабрики во Тексас и Берлин, но и на зголемување на производството во Кина. Истовремено компанијата работи на развивање нова технологија за батерии.

Автор: Кајл Хајат
Извор: cnet.com
Насловна фотографија: Wikipedia