Се обидувал да фотографира вулкан што еруптира, но случајно фатил метеор што паѓа
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Понекогаш во пејзажната фотографија природата му се насмевнува на вашиот фотоапарат и ве изненадува со многу повеќе отколку што се надевавте дека ќе фатите.
Оваа фотографија е пример за тоа.
Додека фотографирал вулкан што еруптирал, фотографот Даниел Кордан забележал како една ѕвезда паѓа на небото и го „краде“ шоуто на вулканот.
Во септември 2016 година Даниел, кој е
фотограф и амбасадор на „Никон“, водел работилница за фотографија во Кључевскаја Сопка на полуостровот Камчатка во североисточниот дел на Русија.
Со надморска височина од 4.750 метри, Кључевскаја Сопка е највисок врв и најатрактивен синџир на вулкани низ цела Евроазија. Голем дел од луѓето во Русија сметаат дека ова е света планина и веруваат дека тука се родил светот.
Daniel Kordan Accidentally Photographed A Meteor While Capturing An Erupting Volcano. from r/Damnthatsinteresting
Првата документирана ерупција на Кључевскаја била во 1967 година. Оттогаш вулканот редовно еруптира, па затоа е одлична локација за посета ако вашата цел е да фатите ерупција на вулкан без да се изложувате на голем ризик.
Додека Даниел со своите ученици фотографирал мала ерупција на вулканот, имал среќа и успеал да фати и метеор.
- Останавме со групата во кампот близу едно мало езерце. Успеавме да ја фотографираме рефлексијата на вулканите и случајно на сликата фатив метеор за време на експозицијата долга 25 секунди - вели Даниел.
Композицијата се покажала како совршена, со блескави патеки, протокот на лава и метеорот што се рефлектира во езерцето во преден план.
Кордан е еден од најследените фотографии на социјалните мрежи и може да се пофали со над 1,6 милион следбеници на „Инстаграм“.
Извор:
Petapixel.com
Фото: Reddit/Daniel Kordan