Во пластиката има ретки, скапоцени материјали, а научниците не знаат зошто

Во пластиката има ретки, скапоцени материјали, а научниците не знаат зошто

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Празеодимиум, диспрозиум и неодимиум се екстремно ретки скапоцени материјали што може да се најдат во секој телефон и слична електроника. Многу е скапо и тешко да се купат, а за да се добијат, се уништува околината. Сепак, научниците откриле дека овие ретки материјали се наоѓаат во пластиката што ја користиме за секојдневна употреба, како шишиња за вода, играчки и други производи.

Научниците веќе одреден период знаат дека пластиката што ја користиме може да содржи неочекувани материјали. На пример, во рециклираната црна пластика често се открива опасно ниво на бром, па дури и олово бидејќи телевизорите и сличните уреди во себе ги имаат овие материјали, а кога пластиката се рециклира, тие материјали остануваат во пластиката што потоа се пренаменува.


Фото: Pixabay

Но едно ново истражување се разликува од претходните истражувања на оваа тема. Во новото истражување научниците откриле скапоцени материјали во пластиката.

Според нив, процентот на количеството на овие материјали во пластиката е речиси еднаков на процентот на истите материјали на површината на Земјата. Во истражувањето научниците користеле чиста пластика која не била рециклирана. Затоа, не е јасно од каде потекнуваат скапоцените материјали во пластиката.

Истражувачите во својата анализа посочиле дека скапоцени материјали се наоѓале во пластичен отпад од океанот порано, што значи дека процесот на мешање на материјалите се одвивал со децении. Тие додаваат дека поради малото количество, материјалите не ја прават пластиката штетна за користење.

Автор: Марк Вилсон
Извор: fastcompany.com