Ова се најзелените земји во светот

Ова се најзелените земји во светот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Најзелените земји во светот се исто така и богати земји со најголем БДП по глава на жител, покажува мапата која го оценува Индексот за заштита на животната средина (ЕПИ).

Според анализата објавена на веб-страницата „Visualize Capitalist“, листата со најдобри земји ја предводи Данска, која исто така е светски лидер во намалувањето на негативното влијание врз климатските промени. По неа следуваат Луксембург, Швајцарија, Велика Британија и Франција. Шведска е на 8. место кога сите фактори на индекс се разгледуваат заедно, но таа е на 1. место во однос на обработката и рециклирањето на отпадот. Финска, која е на седмото место, е рангирана на самиот врв во третманот на отпадни води, заедно со Холандија, Шведска и Сингапур. Шпанија се наоѓа на 14. место кога ќе се земат предвид сите фактори, но на 8. место по биолошка разновидност и зачувување на живеалиштата. Велика Британија се наоѓа на 2. место, веднаш по Данска, во категоријата намалување на емисиите на СО2.

Во друштво со најзелените од другите делови на светот се и Јапонија на 12. место, Австралија на 13. место, Нов Зеланд на 19. место, Канада на 20. место, САД на 24. место и Јужна Кореја на 28. место.

1
Kликнете на фотографијата за да ја зголемите резолуцијата

Што значи терминот зелена земја?

Индексот ЕПИ е развиен од Универзитетот „Јеил“ во САД и мери 32 фактори, од кои најважни се климатските промени, биодиверзитетот, квалитетот на воздухот и квалитетот на водата.

Секој индикатор за перформанси со висок ЕПИ, како што е „заштитата на животната средина“, е поделен на потсектори. Нациите се рангирани во секој потсектор на скала до 100, а повеќе земји можат да бидат рангирани на прво место во која било од категориите.

Различни сектори носат различни удели во вкупниот индекс. На пример, виталноста на екосистемот учествува со 60 отсто во ЕПИ, климатските промени сочинуваат 24 отсто, а намалувањето на емисиите на СО2 со 13,2 отсто.

rangiranje
Фото: Screenshot/Visual Capitalist

Земјите на водечките позиции се генерално избалансирани и еднакво добри во низа фактори, додека меѓу пониско рангираните разликите се поголеми. На пример, Сингапур е светски лидер во одржлив риболов, но бидејќи не е еднакво добар и во други фактори, заврши на 39. место. Кина е лидер во заменувањето на автомобилите со фосилни горива со електрични, но поради другите послаби рангирања, не се најде ниту меѓу првите 40. САД се најдоа на 6. место според земјоделската одржливост, но кога ќе се земат сите категории предвид, се најде на 24. место.

Водечки земји во контекст на климатските промени се Данска, Велика Британија, Романија, Франција и Швајцарија.

Водечки земји во квалитетот на воздухот се Финска, Австрија, Шведска, Исланд и Норвешка.

Интересно, дури 30 земји имаат резултат 100 во одржлив риболов, што покажува дека постојат многу земји за кои овој проблем е приоритетен.

приоритет

Најзелените се претежно и најбогати земји


Според Светската банка, првите 40 најзелени земји се и оние што спаѓаат во категоријата со високи лични примања.

Клучната причина зошто побогатите нации се рангирани подобро се високите инфраструктурни трошоци потребни за да се направи земјата зелена. Сè, од намалување на аерозагадувањето и третманот на водата, до контрола на опасен отпад, како и ублажување на јавната здравствена криза, е скапо (на пример, прочистувачи на воздух и вода или системи за рециклирање на отпадот), но истовремено има огромно потенцијално влијание врз граѓаните.

Најзелените земји во светот, како што се Норвешка, Швајцарија, Исланд, Данска и Шведска, исто така, имаат голем БДП. На пример, Данска има БДП од 60,170 долари по глава на жител.

2

Хрватска има БДП од 14,936 долари по глава на жител, што е многу близу до земјите кои се слично рангирани од ЕПИ. Полска има БДП од 15,693 долари, Литванија има 19,602 долари, Летонија 17,829 долари, Унгарија 16,732 долари и Романија 12,920 долари.

Земјите во регионот

Од земјите во регионот, Словенија е најдобро рангирана, на 18. место. Веднаш зад неа е Хрватска на 34. место, Бугарија на 41. место, Македонија се најде на 43. место, Србија на 45. место, Албанија на 63. место, Црна Гора на 75 место, а најлошо рангирана во регионот е Босна и Херцеговина, која се најде на 78. место.

На самото дно на листата се сиромашните земји: Мјанмар, Авганистан, Сиера Леоне, Брегот на Слоновата Коска, Гвинеја, Мадагаскар и Чад, а Либерија заврши како последна, на 180. место.

Од горенаведеното може да се заклучи дека економскиот развој е гаранција за благосостојба и одржливост во еколошка смисла.

Извор: Visual Capitalist
Фото: Freepik