„Инстаграм едитс“: Нова апликација за уредување и споделување видеа со вештачка интелигенција
„Инстаграм“ претстави нова бесплатна апликација за уредување видеа со вештачка интелигенција наречена „Едитс“, дизајнирана за креатори на содржини кои сакаат лесно да креираат и објавуваат професионални видеа. Иако апликацијата е првенствено наменета за „Инстаграм“, видеата може да се споделуваат и на други платформи без воден печат.
„Едитс“ за „иОС“
„Едитс“ за Андроид
Апликацијата ви овозможува да пребарувате и зачувувате популарни видеа за инспирација и да креирате видеа во должина до 10 минути со резолуција од 1080п. Меѓу алатките за уредување се опции за подобрување на изгледот на видеото, промена на заднината со помош на зелен екран и користење на музичката библиотека на „Инстаграм“.
Апликацијата нуди автоматско генерирање на титлови на повеќе јазици и алатка со вештачка интелигенција наречена „Катаутс“ што брише луѓе или предмети од кадарот. Статичните слики можат да се додаваат и да се анимираат. Вградената временска линија овозможува прецизно уредување, а сите проекти се зачувуваат. Готовите видеа може да се споделат директно на „Инстаграм“ или „Фејсбук“, но исто така и на други платформи без лого.
„Инстаграм“ најавува дополнителни функции, вклучувајќи уредување на клучни кадри, ефекти со вештачка интелигенција, споделување видеа за повратни информации и побогат избор на фонтови, транзиции, звучни ефекти и филтри - сите бесплатни и без авторски права.
Извор: mob.hr
Фото: Play store screenshot