Купувате автомобил во Германија? Ова може да ви создаде голем проблем
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
На почетокот на 2024 година Европскиот парламент и земјите членки на ЕУ постигнаа договор - во иднина купувањата во вредност над 10.000 евра нема да можат да се плаќаат во готово. Целта е борба против перење пари и финансирање тероризам. Сепак, оваа регулатива ќе почне да се применува дури во 2027 година.
Ограничувањето ќе важи само за правни лица (трговци), а не и за физички лица. Тоа значи дека ако приватно купувате автомобил со вредност поголема од 10.000 евра, и понатаму ќе можете да го платите во готово.
За разлика од повеќето земји во Европската Унија, Германија засега нема национално ограничување за плаќање во готово. Исклучок е купувањето недвижности, кои од април 2023 година повеќе не смеат да се плаќаат во готово. Освен тоа, постојат две важни обврски за идентификација:
За готовински плаќања над 10.000 евра, потребно е да се покаже лична карта - трговецот ги евидентира личните податоци.
При купување благородни метали и уметнички дела со вредност над 2.000 евра (од 1 јануари 2020), исто така е задолжителна идентификација.
Германија се воздржа при гласањето за оваа европска регулатива поради несогласувања во рамките на владејачката коалиција.
Во 18 од 27 земји членки на ЕУ веќе постојат горни граници за плаќање во готовина - од 500 евра во Грција до 15.000 евра во Хрватска. Кога Германија ќе ја воведе новата регулатива во 2027 година, ограничувањето ќе се однесува само на плаќањето, а не и на поседувањето готовина. Со други зборови, колку пари чувате дома не е ограничено, но со оглед на инфлацијата, тоа и не е најпаметната опција.
Извор:
Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik