Германски суд одлучи: Само една чоколада може да биде во форма на квадрат
Подготвил:
Билјана Арсовска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Чоколадата „ритер“ е единствената што во Германија може да се продава во карактеристичната квадратна форма, одлучи германскиот врховен суд одбивајќи ја тужбата на конкуренцијата.
Судот смета дека квадратниот облик на чоколадата „ритер спорт“ не е само плод на функционалноста, туку и на креативното обликување.
- За останатите производители на чоколади не е пресудно своите производи да ги нудат во квадратен облик - стои во пресудата.
Со тоа е одбиена тужбата на „Монделез“, производителот на чоколадите „милка“. Со конечната пресуда ѝ е ставен крај на 10-годишната правна битка во која „милка“ бараше да се укине ексклузивното право на „ритер“ на таков облик на чоколадата.
Фото: Pixabay
- Среќни сме што и во иднина е осигурана заштита на нашата марка, која ја негуваме веќе со децении. За нас, квадратниот облик на чоколадата поседува иста вредност како и виолетовата боја на пакувањето за конкуренцијата - истакнаа од компанијата „Алфред Ритер“ од Валденбух.
„Ритер спорт“ е направена во 1912 година, а квадратниот облик е дизајниран во 1932 г. кога коосновачката Клара Ритер одлучила дека чоколадите мора, без да се скршат, да ги собере во секој џеб од јакна.
Извор:
Telegram
Насловна фотографија: Pixabay