Пред 40 години Карл Сејган со картон и стапчиња покажал дека Земјата не е рамна

Пред 40 години Карл Сејган со картон и стапчиња покажал дека Земјата не е рамна

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Последниве години сè повеќе луѓе почнуваат да веруваат дека Земјата е рамна. Едно неодамнешно истражување на „Југов“, спроведено на над 8.000 Американци, открило дека секој шести човек не е сосема сигурен дека Земјата е во облик на сфера. Можеби би имала помала научна неписменост во светот доколку Карл Сејган сè уште беше жив.

Сејган станал познат како водител на научната серија „Космос“ во 1980 г. Оваа серија доби нова верзија во 2014 со Нил Деграс Тајсон како водител. Во првата епизода на оригиналниот „Космос“, Сејган на лесен начин докажал дека Земјата е сфера користејќи само картонска мапа, стапчиња и теориите на Ератостен.


Фото: YouTube

- Како може во еден ист момент стапчето во Сиена да не фрла сенка, а стапчето во Александрија, 800 километри на север, да фрли голема сенка? - прашува Сејган во видеото.

Единствениот одговор е дека површината на Земјата е заоблена, одговара тој.

- Освен тоа, колку е поголемо заоблувањето, толку е поголема разликата во должината на сенките - вели Сејган во видеото.


Ератостен успеал да пресмета дека Земјата се заоблува со седум степени користејќи го растојанието помеѓу двата града и должината на сенките што тие ги правеле. Тој го пресметал обемот на планетата со овие податоци пред повеќе од 2.000 години.

Автор: Тод Пери
Извор: upworthy.com