Режисерот на најновиот „Бетмен“ открива зошто овој филм е различен од другите

Режисерот на најновиот „Бетмен“ открива зошто овој филм е различен од другите

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Излезе новиот трејлер за еден од најочекуваните филмови. Новиот филм за Бетмен, во кој Роберт Патисон ќе ја толкува главната улога, е под режисерската палка на Мет Ривс.

Во 2-минутниот трејлер Мет Ривс ја претстави насоката во која ќе оди новиот филм за Бетмен. Дејството се случува во раните денови на Брус Вејн како Бетмен и се занимава со корупцијата во Готам.

Но, Ривс истакнува дека ова нема да биде класичен филм со јасно формирани протагонисти и антагонисти. Oсвен тоа, тој вели дека сака да создаде Готам Сити што претходно гледачите не го виделе во другите верзии од филмот.

- Историјата на градот е многу важна за нашата приказна. А една од работите што сакав да ги направам, бидејќи е центарот на оваа приказна, особено историјата за корупцијата на градот, е да го презентирам со повеќе детали. Сакав да почувствувате дека станува збор за американски град каде што никогаш не сте биле. Се обидуваме да направиме верзија што претходно не сте ја виделе. Сакам кога ќе го гледате филмот да помислите: Каде е овој град? - вели тој.

- Филмот е поинаков од претходните затоа што станува збор за раните години на Бетмен, во текот на самите почетоци. Го имате овој одмаздник кој го презема законот во свои раце. Ако во вашиот град се појави човек облечен во костим на лилјак, им се спротивставува на луѓето и ги тепа бидејќи смета дека прават нешто погрешно, им влева страв за криминалот што го прават. Сигурно ќе си помислите: Овој човек звучи малку опасно. Во филмот тој сѐ уште не е визија од ликот што ќе стане, кога станува симбол за надеж за градот. Луѓето сѐ уште се плашат од него. Сѐ уште се прашуваат дали постои - вели режисерот.

Според него, овој филм нема да биде поврзан со тоа како Бетмен го совладува својот страв, како се усовршува за да стане Бетмен, туку го гледаме како се справува среде криминолошкиот експеримент, како прави грешки како Бетмен и како расте и не успева да биде херој, како ги прави сите работи што ги поврзуваме со Бетмен на начин кој е многу човечки и со многу грешки.

- Најголемата фантазија на едно дете е да биде Бетмен. Затоа, идејата да се стави публиката на местото на овој лик и да се натера  да се чувствува како што се чувствува тој е навистина возбудлива. Мислам дека во другите филмови ова не беше клучно како што ќе биде во овој филм - вели Ривс.

Снимањето на филмот сè уште во тек, а премиерата се очекува следната година, на 21 октомври.



Извор: News.avclub.com
Фото: Screenshot/YouTube