Сушата откри стапки од диносаурус стари 113 милиони години

Сушата откри стапки од диносаурус стари 113 милиони години

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Поради големата суша, во Тексас биле забележани стапки од диносаурус стари 113 милиони години. Стапките биле откриени на дното на река, а му припаѓале на диносаурус од видот акрокантосаурус.

Стапките последен пат биле видени во 2000 година и се едни од најзачуваните во светот, изјавил Џеф Дејвис, менаџер во националниот парк каде што се наоѓаат трагите. Дејвис објаснил за Би-би-си дека трагите се од еден акрокантосаурус кој се движел по патеката околу 30 метри.

Има околу 140 стапки од овој диносаурус, но само 60 се видливи денес. Се проценува дека диносаурусот кој ги оставил трагите бил висок над 4,5 метри и тежел околу 7 тони.



Извор: BBC
Насловна фотографија: Twitter