Краток филм покажува дека и најмалите добри дела може да го променат светот
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Дури и најмалите добри дела можат да променат нечиј живот. Сепак, никогаш не знаеме каде ќе нѐ однесе животот откако ќе изодиме потежок пат и ќе се соочиме со проблеми, па и успех. Можеби ќе заборавиме колку е важно да правиме добрина и ќе завршиме како господин Индиферентен - не грижејќи се за другите. Овој краток филм може да го промени начинот на кој ги гледаме другите луѓе и да ни помогне да сфатиме дека никогаш не е доцна да станеме подобри луѓе и да им помогнеме на другите.
За помалку од 3 минути овој
филм ни покажува повеќе отколку што очекуваме: претставува човек кој живее себичен живот и ги игнорира другите. Во првата сцена тој не ја запира вратата од лифтот за жената да стигне навреме. Го игнорира балонот што му избега на мало девојче, а можеше да го фати само ако ја извадеше раката од џебот. Но, работите се менуваат додека тој стои на тротоарот и чека зелено светло за да ја премине улицата. Една постара жена го фаќа за рака за безбедно да ја премине улицата. Неколку секунди подоцна гледаме дека ако тој не беше таму, жената веројатно ќе имаше незгода. Така тој ги отвора очите и сфаќа што може да направи помагањето на другите.
Конечно сфаќа дека ако ги извади рацете од џебовите и почне да ги користи за нешто добро, не само што сам ќе се чувствува подобро туку и ќе ги насмее другите. Оттогаш станува нов човек.
Најзначајниот момент од неговите добри дела е кога ќе забележи човек како него на истиот тротоар. Овој човек го потсетува на тоа каков беше порано, секогаш со рацете во џебовите. Овој пат одлучи да го промени и неговиот живот и да се преправа дека е слеп човек за да му овозможи да го доживее истото искуство што тој го имаше со постарата жена.
Фото: Screenshot