Идилично италијанско село нуди 28.000 евра за да се преселите таму и да основате бизнис
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Веќе звучи познато: идилично село во Италија со старо население сака да привлече помлади жители. Некои села продаваат куќи за 1 евро, а други нудат вработувања со одлични поволности.
Санто Стефано ди Сесанио е најновото италијанско село што сака да го зголеми населението. Селото ќе им плати на луѓето да преселат таму и да основаат бизнис, а ќе добијат и место за живеење по симболична сума за станарина.
Како што објаснува градоначалникот Фабио Сантавика, жителите сакаат селото да продолжи да живее.
Условот е да бидете жител на Италија или на ЕУ и да имате најмногу 40 години. Во селото во
моментот живеат само 115 жители, а околу половина од нив се пензионери. Помалку од 20 жители имаат до 13 години, но ова се официјалните бројки.
Фото: Wikipedia
Властите сакаат да привлечат ново население со плаќање месечен надомест за престој во период од три години. Селото ќе им плаќа на новите жители најмногу 8.000 евра годишно, а селскиот совет ќе им плати еднократен придонес од најмногу 20.000 евра за да основаат бизнис.
Пријавувањето почнало на 15 октомври, а досега се пријавиле околу 1.500 луѓе. За почеток советот сака да награди 10 луѓе .
Фото: Wikipedia
Постојат и правила за основањето бизнис, односно треба да се основа бизнис од понудените, како фирма за чистење, аптека или продавница за храна. Среќните кандидати што ќе бидат одбрани да се преселат во селото мора да останат таму најмалку 5 години.
Пријавувањето трае до 15 ноември.
Автор: Џулија Бакли
Извор:
Си-ен-ен