НБРМ вработува 5 службеници

НБРМ вработува 5 службеници

Врз основа на член 59 од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија и Одлуката за утврдување потреба од засновање работен однос бр. 04-36097/1 од 21 октомври 2024 година, Народната банка на Република Северна Македонија распишува

ОГЛАС
за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија


1.Се утврдува потреба од засновање на работен однос во Народната банка на Република Северна Македонија на пет (5) извршители, на определено време во траење од 1 година и тоа:

- 1 извршител на работното место „помлад правник“ во Отсекот за правна поддршка во правно застапување, имотно правни работи и странски договори во Дирекцијата за правни работи;
- 1 извршител на работното место „помлад правник почетен II степен“ во Отсекот за правна поддршка во општи правни работи во Дирекцијата за правни работи;
- 1 извршител на работното место „помлад организатор за канцелариско и архивско работење почетен II степен“ во Отсекот за документаристика и архивирање во Дирекцијата за правни работи и
- 2 извршители на работното место „организатор II степен“ во Отсекот за техничко одржување во Дирекцијата за техничко одржување и обезбедување.

2.Кандидатите за работните места од точка 1, треба да ги исполнуваат следните општи услови за засновање работен однос, утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија: да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат општа здравствена способност за работното место и да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

3.Покрај општите услови за засновање работен однос утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:
- за работното место „помлад правник“ во Отсекот за правна поддршка во правно застапување, имотно правни работи и странски договори во Дирекцијата за правни работи, да имаат завршено факултет од областа на правните науки со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), да имаат работен стаж најмалку 1 година стекнат по завршување на високото образование, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер и потребни знаења од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните стручни знаења (Закон за Народната банка на Република Северна Македонија, Закон за банките, Закон за девизното работење и Законот за платежни услуги и платни системи).
- за работното место „помлад правник почетен II степен“ во Отсекот за правна поддршка во општи правни работи во Дирекцијата за правни работи, да имаат завршено факултет од областа на правните науки со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), да имаат работен стаж најмалку 1 година стекнат по завршување на високото образование, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер и потребни знаења од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните стручни знаења (Закон за Народната банка на Република Северна Македонија, Закон за банките, Закон за девизното работење и Законот за платежни услуги и платни системи).
- за работното место „помлад организатор за канцелариско и архивско работење почетен II степен“ во Отсекот за документаристика и архивирање во Дирекцијата за правни работи, да имаат завршено факултет од областа на општествените или хуманистичките науки, со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), да имаат работен стаж најмалку 1 година стекнат по завршување на високото образование, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер, познавање од областа на документаристиката, канцелариското и архивско работење и познавање од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивното познавање на законската регулатива која се однесува на документаристиката, канцелариското и архивското работење и од областа на работењето на Народната банка (Закон за архивски материјал, Уредба за канцелариско и архивско работење, Упатство за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење и Закон за Народната банка на Република Северна Македонија).
- за работното место „организатор II степен“ (1 извршител) во Отсекот за техничко одржување во Дирекцијата за техничко одржување и обезбедување, да имаат завршено факултет од областа на електро-техничките науки, да имаат работен стаж најмалку 2 години стекнат по завршување на високото образование, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните познавања од областа на електроенергетиката и автоматиката, енергетските инсталации, опрема за енергетика (вклучително опрема алтернативни извори на енергија), топологија и структури.
- за работното место „организатор II степен“ (1 извршител) во Отсекот за техничко одржување во Дирекцијата за техничко одржување и обезбедување, да имаат завршено факултет од областа на градежно-архитектонски науки со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), да имаат работен стаж најмалку 2 години стекнат по завршување на високото образование, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните познавања на законските и подзаконски акти од областа на градежништвото и управните постапки поврзани со одобренијата и дозволите за градење.

4.Кандидатите за работните места од точка 1 треба да достават:
‒ пријава и изјава за согласност за обработка на лични податоци;
‒ кратка биографија на македонски јазик или на македонски и албански јазик, за кандидатите припадници на албанската заедница;
‒ препораки за професионално искуство и меѓучовечки односи од претходните и тековните работодавачи доколку имаат;
‒ доказ за државјанство издаден од надлежниот орган на Република Северна Македонија;
‒ потврда од надлежен орган (Централен регистар на Република Северна Македонија или надлежен суд) којашто изречно ќе гласи дека на лицето не му е изречена казна, забрана за вршење професија, дејност или должност, не постара од шест месеци пред денот на поднесувањето на пријавата (други потврди коишто нема да гласат согласно со наведеното, нема да се прифаќаат);
‒ диплома или уверение за завршено образование;
‒ доказ за работен стаж задолжително за работните места од точката 1 од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија (други потврди од Агенцијата за вработување нема да се прифаќаат);
‒ кандидатите за работните места од точка 1 треба да достават доказ за познавање на англиски јазик (уверение, потврда, друг документ, или свидетелство од образовна институција како доказ дека се учело англиски јазик) и доказ за работа со компјутер (уверение, потврда, друг документ, или свидетелство од образовна институција како доказ дека се учело работа со компјутери).

Сите докази може да бидат доставени во копија.

5.Работното време во работната недела за работните места од точка 1 започнува помеѓу 8,00 и 9,00 часот, а завршува помеѓу 16,00 и 17,00 часот.

6.Во согласност со Колективниот договор на ниво на Народната банка, со кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1, кои за првпат склучуваат договор за вработување со Народната банка, ќе се склучи договор за вработување на определено време со вршење пробна работа во времетраење од 1 месец.

7.Договорот за вработување склучен на определено време, може да се продолжи со анекс кон Договорот, во согласност со одредбите од Законот за работните односи.

8.Висината на основната (нето) плата за работното место од точка 1 алинеја 1 изнесува 53.835,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 27.394,00 денари.
Висината на основната (нето) плата за работните места од точка 1 алинеја 2 и 3 изнесува 44.306,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 22.638,00 денари.
Висината на основната (нето) плата за работните места од точка 1 алинеја 4 изнесува 64.273,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 32.622,00 денари.

9. Рокот за доставување на документите изнесува 7 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот.

10. Изборот на работниците кои ќе засноваат работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.

11. Ненавремената и некомплетната документација нема да биде разгледувана.

12. Пријавата и Изјавата за согласност за обработка на личните податоци (1) се објавени на интернет-страницата на Народната банка на Република Северна Македонија.

Бараните документи да се достават до Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија на бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1, Скопје.
_________________
1) Народната банка може да контактира со претходните и со тековните работодавачи за професионалното искуство на кандидатите и за нивните меѓучовечки односи.

Народна банка на Република Северна Македонија