Светски обединети колеџи - Уникатна шанса за македонските средношколци
Македонскиот национален комитет при Светските обединети колеџи (United World Colleges - UWC), упати повик до сите заинтересирани ученици од втора и трета година од средните училишта во Македонија кои сакаат да аплицираат за двегодишно школување на едно од 18 средни училишта ширум светот.
UWC движењето нуди уникатно меѓународно образование. Една генерација на ~100 соученици се состои од претставници на 70+ различни држави. Учениците живеат на еден од кампусите и учат и раснат заедно со пријатели, цимери и професори од целиот свет. UWC движењето е основано во 1960-тите со цел да гради разбирање меѓу ученици од различни националности, вери и социоекономски позадини.
Според повикот на Македонскиот национален комитет, сите заинтересирани ученици кои сакаат да го продолжат школувањето на некој од колеџите ширум светот, (но, и нивните родители и професори) можат да дознаат повеќе ако се придружат на
информативни сесии викендов, на
26 и 27 октомври, во 17:00 часот на овој
зум-линк (лозинка:
2022).
Што е UWC?
UWC е ланец на 18 средни училишта („колеџи“) низ целиот свет, во држави како Германија, Канада, Норвешка, Кина, Индија, Сингапур или Танзанија (целосната листа на училишта можете да ја најдете
тука). Типичната генерација на еден од колеџите се состои од 100 ученици од
70+ различни држави, а јазикот на наставата е англиски (иако учениците имаат шанса да го научат локалниот јазик).
Што се учи на UWC?
На секој од 18-те колеџи се учи двегодишната Меѓународна матура (на англиски - International Baccalaureate), а дипломата е меѓународно признаена. Наставната програма се состои од шест групи на предмети од кои учениците бираат по еден: мајчин јазик, втор јазик, општествена наука, природна наука, математика и уметност.
Колку чини образованието на UWC?
За образованието на UWC се достапни целосни стипендии, базирани на потребите на семејствата на успешните кандидати.
Колку ученици биле примени на UWC од Македонија во претходните години?
Минатата година беа испратени 12 ученици од Македонија, а годината пред неа - 10.
Тука можете да најдете профили на сегашните ученици, a
тука има листа на матуранти од последните 20+ години.
Што прават учениците по матурирањето на UWC?
По стекнување на дипломата од Меѓународната матура, најголемиот дел од учениците го продолжуваат своето образование на студии на универзитети низ Европа и САД.
Преглед на селекцискиот процес
Кој може да аплицира за UWC?
Може да аплицираат средношколци во втора или трета година средно училиште.
Како изгледа апликацијата?
Апликацијата се состои од 7 кратки прашања и 2 есеја. Можете да ја најдете
тука.
Рокот за аплицирање моментално е 3 ноември (недела).
Како изгледа остатокот на селекцискиот процес?
По оценување на апликацијата, успешните кандидати се повикуваат на дополнителни интервјуа во живо (во текот на првата недела на јануари) и онлајн (на почетокот на февруари).
Дополнителни информации
Македонскиот национален комитет одржува информативни сесии на Зум секоја недела до рокот за аплицирање на Зум (линк:
http://zoom.us/j/95132380632 со лозинка: 2022). Сите се добредојдени на инфо-сесиите – средношколци, нивните професори и родители и сите заинтересирани.
Повеќе информации околу процесот на аплицирање, образовниот модел или самите колеџи се достапни на
www.mk.uwc.org, како и на нашиот профил на
Инстаграм и
Фејсбук.
(Комерцијална објава)