Пловечки парк направен од пластичен отпад
Подготвил:
Билјана Арсовска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Овој пловечки парк целосно е направен од пластичен отпад. Се наоѓа на површината на реката Нова Мас во Ротердам, каде што Фондацијата „Рециклиран остров“ поставила замки за да го улови пластичниот отпад во водата.
Потоа пластиката се рециклира и се користи како секундарна суровина за модуларните градежни блокови од кои е составен „Рециклираниот парк“.
Првите посети на паркот беа направени во јули 2018 година и тој веднаш стана засолниште за фауната над и под градежните блокови.