Српско село организира забава поради пуштање во употреба на првиот банкомат
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Српското село Каравуково, кое се наоѓа блиску до границата со Хрватска, добило банкомат, а тоа било причина за организирање забава.
Имено, на социјалните мрежи се споделуваат фотографии и видеа од забавата за донесувањето на првиот банкомат во селото. Банкоматот е на банката „Поштенска штедионица“.
На забавата присуствувале директорката на филијалата во Суботица, претседателот на извршниот одбор на банката, како и помошник-градоначалникот на општината Оџаци, во која се наоѓа селото.
Присутните ги забавувал бендот „Гарави сокак“.
Извор:
Klix
Насловна фотографија:
Facebook