Овие апликации биле најпреземани во изминатата деценија
Подготвил:
Билјана Арсовска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Ако втората деценија од 21 век ќе биде запомнета по нешто, тоа сигурно е појавата на паметните телефони.
Сега е тешко да се замисли животот без нив, но пред само десет години во Америка 62 милиони луѓе имале паметни телефони, додека сега тој број се зголемил на 265 милиони. Во Обединетото Кралство пред 10 години паметни телефони имале само 17 отсто од жителите, а сега имаат 78 отсто.
Апликациите се еден од најреволуционерните елементи на паметните телефони, особено оние за социјалните мрежи. Сега се познати и најпреземаните апликации во изминатата деценија и никој не е изненаден што „Фејсбук“ се најде на првото место, а „Фејсбук Месинџер“ на
второто.
На третото место е „Вацап“, на четвртото „Инстаграм“, а петтото го зазеде „Снепчет“. Потоа следуваат Скајп, ТикТок, Ју-Си Броусер, Јутјуб и Твитер.
Оваа листа е направена со комбинирање на податоци од „Гугл Плеј“ и „Апп Стор“.
Како што може да се види, четирите апликации што биле најпреземани се во сопствеништво на „Фејсбук“, што значи дека Марк Закерберг поседува голем дел од денешниот виртуелен простор.