Агресивна е кон мајка ѝ, не ѝ дозволува да чисти, да пие кафе, ѝ ги сече алиштата и ја навредува. Како да постапиме?

Агресивна е кон мајка ѝ, не ѝ дозволува да чисти, да пие кафе, ѝ ги сече алиштата и ја навредува. Како да постапиме?

Со сопругата имаме 11-годишно девојче. Сите услови се задоволени, облека, храна, мобилен и сѐ што треба, единствено дете ни е. Јас работам во странство неколку години со неколку месеци одмор во годината во Македонија. Сопругата е со неа во поголемиот дел од годината. Последниве 6 месеци почна со агресивни однесувања, не дозволува да се мијат чинии, не ѝ дозволува на сопругата да чисти, да јаде, да пие кафе, да оди во тоалет и многу други чудни работи. Собата ѝ е веќе два месеца комплетно растурена и сите алишта се расфрлани буквално насекаде. Агресивна е максимално со мајката, ја навредува и ѝ ги сече алиштата, а по некое време ја гушка и спие со неа. Седи навечер до 4 сабајле и потоа не може да се освести за во школо, па сѐ повеќе отсуствува. Помош побаравме неколку пати од детски психијатри и психолози, но без нејзино присуство бидејќи одбива да дојде. Сите велат дека е пубертет заедно со некаква фрустрација од нешто. Надвор е друштвена, прибрана, весела а дома е хаос. Сопругата е веќе очајна и тешко се справува.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк