Стипендии во рамки на словачката билатерална програма за соработка за академската 2025/2026 година
Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката билатерална програма за соработка (Slovak Bilateral Scholarship Programme), за академската 2025/2026 година.
Македонската и словачката страна ќе разменуваат студенти во рамки на акредитирани студиски програми од прв, втор и трет циклус на високо образование, во вкупно времетраење од триесет (30) месеци годишно. Вкупната квота може да биде поделена на покуси периоди во времетраење од три (3) до десет (10) месеци по кандидат. Стипендијата не може да се додели за комплетен курс на студии што доведува до степен на високо образование. Познавањето на јазикот на земјата домаќин или друг јазик, прифатлив за избраната институција, ќе биде услов за оваа размена.
Словачката страна ќе обезбеди:
- бесплатно студирање;
- стипендија согласно законските прописи во земјата домаќин;
- сместување во студентски домови под исти услови како за своите граѓани.
Патните трошоци за повратен билет (со автобус) до и од местото на студирање ќе ги покрие Министерството за образование и наука на Македонија.
Детални информации и услови за стипендиите се објавени на веб страницата:
https://www.minedu.sk/scholarships-offered-within-the-framework-of-bilateral-programs-of-cooperation-for-20252026/
Во случај на прашања во врска со билатералните стипендии, можете директно да ја контактирате: Mgr. Martina Klofácová (martina.klofacova@minedu.sk) директор на Одделот за билатерална и мултилатерална соработка на Министерството за образование, наука, истражување и спорт на Република Словачка.
Апликациите испратени од индивидуални апликанти директно до Министерството за образование, наука, истражување и спорт на Република Словачка нема да бидат земени во предвид. Доколку не е наведено поинаку, престојот ќе се реализира не порано од 15 септември 2025 година и не подоцна од 30 август 2026 година. Министерството го задржува правото да го смени бараниот рок на стипендија и/или да прими било кој апликант на курс и/или високообразовна институција различна од наведената во неговата/нејзината апликација за стипендија, доколку приемот кој што е побаран од страна на апликантот не е изводлив.
Износот на месечната стипендија за академската 2025/2026 година изнесува:
- за студенти (ниво на диплома/магистер): 625 € /месечно;
- за докторанди: 1025,50 € /месечно.
- за универзитетски наставници или истражувачи: 1420 €/ месечно.
Постапка за аплицирање:
Апликацијата е прикачена на овој повик, а истата може да се преземе од:
https://www.minedu.sk/scholarships-offered-within-the-framework-of-bilateral-programs-of-cooperation-for-20252026/
Печатената и потпишана верзија на апликацијата е задолжителна. Ве молиме, отпечатете ја пополнетата апликација, потпишете ја и еден оригинал и една копија заедно со целата придружна документација побарана на крајот од апликацијата доставете до Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, ул.„Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје.
Рок за пријавување:
Апликацијата и потребните документи во два примерока треба да бидат доставени до Министерството за образование и наука на Македонија најдоцна до
20 март 2025 година.
Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија е одговорно за процесот на селекција на номинираните кандидати. Писмото за номинација (вклучително и списокот на номинирани кандидати) мора да се достави до Министерството за образование, наука, истражување и спорт на Република Словачка најдоцна до 1 април 2025 година. Конечната одлука на Министерството за образование, наука, истражување и спорт на Република Словачка ќе биде доставена до Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија до 28 јуни 2025 година.
Министерството за образование, наука, истражување и спорт на Република Словачка го задржува правото да донесе конечна одлука за апликациите.
Целиот конкурс прочитајте го
ТУКА.