Еве како би изгледал животот ако Земјата навистина беше рамна

Еве како би изгледал животот ако Земјата навистина беше рамна

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

За формата на Земјата луѓето знаат илјадници години, па дури и пред Христофор Колумбо да тргне на историскиот пат кон „работ“ на Земјата и Индија. Одамна пред него научниците како Аристотел и грчкиот математичар Ератостен, кој го сметаат за татко на географијата, донекаде имале претстава за тоа како изгледа Земјата, споредувајќи ја оддалеченоста помеѓу градовите и мерејќи го попладневното сонце на секоја локација.

И денес постојат луѓе што ја негуваат идејата за Земјата како рамна плоча и се обидуваат да ги убедат другите. Но, интересно е да се види каков би бил животот на Земјата (ако воопшто е можен) ако нашата планета навистина беше рамна плоча.

Основата на верувањата дека Земјата е рамна

Оние што веруваат во оваа идеја ја нарекуваат „модел“ бидејќи тоа им звучи научно и некако оправдано. Но, нивната идеја е всушност следна - Земјата е рамна, а сите докази што покажуваат спротивно се или лаги или лошо интерпретирани.

Како би функционирала рамната плоча според нив?


Тие велат дека сите други планети се планети, но Земјата не е. Таа е во центарот на Сончевиот Систем, а сите други планети кружат околу неа, од причини што не се многу јасни. Северниот Пол се наоѓа во центарот на овој рамен, сплоснат диск, а нејзината надворешна страна, работ, е опкружена со ледена површина. Сонцето не изгрева и не заоѓа, туку свети како рефлектори и покажува на различни делови од Земјата во текот на денот. Изгревањето и заоѓањето на Сонцето се само наша перцепција, што и да мислат под тоа.

Сите докази, како што се снимките на НАСА од вселената и сведочењата на астронаутите, се нарекуваат лажни вести. Така, и слетувањето на Месечината е за да им се покаже на Русите дека Американците се посилни.

Не би можеле да паднете од работ


Како што вели официјалната дефиниција, гравитацијата е сила на заемно привлекување помеѓу масите. Бидејќи Земјата е кружна како топка, сите работи на нејзината површина се привлекуваат во иста насока, кон средината. Така, гравитацијата целосно ја оневозможува идејата Земјата да е рамна.

Можеме да замислиме дека Земјата е во рамна состојба и дека гравитацијата се однесува исто, па така, ако сме во нејзиниот центар, гравитацијата ќе ја доживееме слично како што ја доживуваме денес. Но, приближувајќи се до рабовите, работите би станале чудни. Со приближувањето до рабовите тоа би било како одење по стрмна планина, иако би биле на рамна земја. Тоа е затоа што гравитацијата би ве влечела кон центарот на дискот, со што не треба да се грижиме за паѓање од работ, туку за паѓање назад.

Ако Земјата беше рамна, затемнувањето на Месечината ќе беше доста досадно

Еден од најочигледните примери за формата на Земјата е нешто што и древните Грци го забележале уште одамна, а тоа е сенката што поминува преку Месечината за време на затемнувањето и фактот што таа е кружна. Ако Земјата е рамна, тогаш затемнувањето на Месечината би било досадно и грдо. Се прашувате како? Замислете ја Месечината со тенка пруга, што сигурно не би било доволно убаво за гледање.

Бродовите би се приближувале одеднаш и од никаде

Ако Земјата беше рамна, бродовите би доаѓале од никаде и би се појавувале во секундата. Но, она што всушност го гледаме е врвот на бродот, а остатокот можеме да го видиме кога ќе ни се приближи.

Спортовите би станале чудни

На рамна Земја, спортовите би морале да се играат во близина на нејзината средина, каде што гравитацијата се однесува како и кај кружната Земја. Така, со спорт би требало да се занимаваат само на Северниот Пол.

Географијата на Земјата би била сосема различна


Северниот Пол би бил единствено место на Земјата на кое би функционирала гравитацијата нормално, а тоа би било само дел од чудноста.

Без врвот на светот/дното на светот, не би имало причина зошто Северниот Пол би бил земја на снегот и мразот, па не би имале цел глечерите, местата каде што се крие Дедо Мраз и останатите приказни. Би било многу влажно место бидејќи искривената гравитација би спречила постоење на вода на рабовите на планетата. Водата би патувала кон центарот, така што единственото нормално место на Земјата би било ненаселено, па се поставува прашање кој воопшто би сакал да живее на Земјата.

Рабовите на Земјата би биле чудни


На тие рабови на Земјата би постоела чудна шума, ако воопшто би постоела, со оглед на тоа што на рабовите не би имало воопшто вода бидејќи гравитацијата би ја влечела во центарот на дискот. Ако некако би ја повлекла водата или можеби не би била потребна, шумата би растела под чуден агол. Дрвјата би растеле дијагонално.

Посебно доживување би било патувањето на работ на Земјата


Повеќето поддржувачи на оваа теорија велат дека леден ѕид ја опкружува Земјата. Да постоел навистина, би бил толку масивен ѕид што на чуварите би им било тешко да ја надгледуваат неговата должина. Но, сигурно би имало храбри авантуристи кои би сакале да се искачат на ѕидот и да видат што има на другата страна.

И понатаму би можело да се види Сонцето во мракот


Во случај Земјата да е рамна, Сонцето би било многу помало и многу поблиску до Земјата, како Месечината. Но, ако Земјата не е сфера, Сонцето би се однесувало како рефлектор на сцена што испраќа насочен сноп светлина на делови од Земјата на кои е ден, додека останатиот дел ќе остане во мрак. Проблемот со оваа теорија е во тоа што светлината, дури и ако не сте директно под неа, ќе ви биде видлива, па ќе можете да ја видите светлината дури и ако ве опкружува мракот.