Како да препознаете дали имате слаб имунолошки систем?

Како да препознаете дали имате слаб имунолошки систем?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Според лекарот Луис Малинау, најчестата причина за ослабен имунолошки систем е возраста, но тоа не е единствениот потенцијален фактор. Мелинау вели дека послабиот имунолошки систем може да ја зголеми веројатноста за инфекции и карцином.

Што може да го ослабне имунолошкиот систем? 

Освен возраста, недоволното спиење е честа причина за ослабен имунолошки систем. Според Малинау, дури и една лошо преспиена ноќ може да влијае врз имунитетот. Други потенцијални причини за слаб имунитет се нездрав начин на живот со нездрава исхрана и алкохол, како и одредени лекови кои ги ослабнуваат имунитетот. Лековите за автоимуни нарушувања, како ревматоиден артритис, лупус, Кронова болест и слично може да го ослабат имунитетот.


Фото: Pixabay

Малинау додава и дека постои здравствена состојба во која имунолошкиот систем не функционира како што треба, а има и болести што го ослабуваат имунолошкиот систем, како сида и леукемија.

Знаци дека можеби имате ослабен имунолошки систем

Постојаните инфекции може да бидат прв знак за слаб имунитет. Доколку постојано се разболувате, веројатно имунолошкиот систем ви е ослабен. Сепак, причина за постојаните разболувања може да бидат и стресот и пушењето.


Фото: Pixabay

Освен тоа, истражувањата покажале дека хроничниот умор може да биде знак за слаб имунитет. Ослабениот имунолошки систем може да се манифестира и како проблеми со кожата, како алергиска реакција или псоријаза, но и проблеми со стомакот и бавно заздравување на раните.

Имунолошкиот систем игра важна улога во целокупното здравје. Според Малинау, најдобар начин да го зајакнете имунолошкиот систем е со поквалитетно спиење, земање витамин Д, умерено вежбање, активности за намалување на стресот, подобрување на исхраната и додатоци во исхраната, како Д3, мелатонин и пробиотици.

Автор: Леа Кампбел
Извор: insider.com