Неверојатни работи што се случуваат на другите планети
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
На нашата планета се случуваат многу фантастични работи, а постојат уште многу работи што е тешко да се замисли дека се природна појава. Сепак, тоа не значи дека е невозможно на некое друго место во универзумот.
1. Две сонца
Во една од најпознатите сцени на „Војна на ѕвездите“, Лук Скајвокер на неговата родна планета Татуин е загледан во хоризонтот на кој се наоѓаат две сонца. Сепак, тоа не е само научна фантастика. Планетата Кеплер-16б орбитира околу две големи сонца, па на неа би имале навистина неверојатно искуство бидејќи зад вас секогаш би имале две сенки.
2. Цела планета под вода
Планетата ГЈ121-4б е различна од другите планети по тоа што е целосно прекриена со вода, а најдлабоката точка на нејзината водена површина е околу 100 километри. Колку за споредба, најдлабоката точка на океанот на Земјата е Маријанскиот ров, на длабочина од 11 километри.
3. Дожд од камења
На планетата Корот-7б паѓа дожд од камења. Звучи неверојатно, но температурата на оваа планета е толку висока што камењата испаруваат и се акумулираат во атмосферата во камени облаци што потоа произведуваат дожд од камења.
4. Дожд од стакло
На планетата ХД189773-б ветровите се речиси седумпати побрзи од звукот, што значи дека времето на оваа планета е неверојатно сурово. Уште пострашно звучи податокот што на оваа планета паѓа стаклен дожд и тоа хоризонтално.
5. Гасовито море
Сателитот на Сатурн, Титан, има температура од -179 степени и на својата површина има вода. Но, водата е тврда како камен. Поради ниските температури, гасовите како метан стануваат течни, па езерата, морињата и реките на ваквите
планети се слични на гасовите. Теоретски, ова е планетата на која луѓето би можеле да летаат.