„Света Софија“ ќе стане џамија?

„Света Софија“ ќе стане џамија?

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека постои можност поранешната црква „Света Софија“ во Истанбул, која моментално е музеј, да ја претвори во џамија по локалните избори закажани за 31 март.

Ердоган во телевизиско интервју на прашање за музејот рече дека „Света Софија“ може да биде „преименувана во џамија“.

Византиската црква „Света Софија“ е изградена во 537 година, а во џамија е претворена во 1453 година, за време на Отоманското Царство. Потоа во 1935 година е претворена во музеј.

„Аја Софија“ се наоѓа на списокот со светскoто културно наследство на Организацијата на Обединетите нации за образование, култура и наука (УНЕСКО).

Грција претходно во неколку наврати изрази негодување за најавите за промена на статусот на „Света Софија“.

Извор: МИА