Популарниот курс за среќа на „Јејл“ е достапен онлајн бесплатно
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Како што поминуваме повеќе време дома, сè потешко е да се најдат активности со кои би го пополниле слободното време. Универзитетот „Јејл“ има понуда која малкумина би ја одбиле. Станува збор за популарниот „курс за среќа“, кој е достапен
бесплатно преку платформата „Курсера“.
- Се наоѓаме во особено тешко време, оваа криза е поврзана со физичкото здравје, но и со менталното - вели за Си-ен-ен Лори Сантос, професорка по психологија на „Јејл“ која го создала курсот.
Фото: Pixabay
Курсот е бесплатен веќе две години, додека со доплата од 49 долари може да полагате тестови и да добиете сертификат за завршување на курсот. Сантос вели дека среќата во голема мера доаѓа од практикување здрави навики и рутини. Овие драматични промени во животот низ кои минуваме може да понудат можност за размислување за дневните ритуали со цел да се смени мозокот и да имаме посреќен живот.
Сантос го создала курсот откако забележала дека многу од нејзините студенти имаат проблеми со менталното здравје и станувало збор за тренд кој се влошувал. Нејзиниот курс е најпопуларен предмет во историјата на универзитетот „Јејл“.
Фото: Pixabay
Според Сантос, нашиот мозок постојано нè лаже и луѓето погрешно мислат дека сакаат нешто и треба да променат нешто за да бидат посреќни. Од друга страна, најголема улога во среќата имаат малите нешта, како благодарноста или обидот да се биде присутен во дадениот момент.
Многумина мислат дека среќата ќе дојде веднаш штом ќе добијат подобра работа или ќе најдат совршен партнер, но тоа не е научно поддржано. Среќата и задоволството потекнуваат од постојаното повторување на едноставни работи, односно рутините, наместо големите подвизи.
Курсот може да го пронајдете
овде.
Автор: Рајан Прајор
Извор:
Си-ен-ен