Урбаниот речник доби нов збор - ковидиот

Урбаниот речник доби нов збор - ковидиот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Коронавирусот е присутен во речиси сите земји во светот и стана глобална пандемија, заразени се 391.947 луѓе, а починаа повеќе од 17.138 луѓе.

Но, тоа не е сè. Пазарите се во сериозна криза, многу луѓе целосно се изолирани, а насекаде низ светот луѓето енормно купуваат намирници и хигиенски средства, со што создаваат беспотребна паника.

Затоа „Урбан дикшонари“ го создаде зборот „ковидиот“ со кој се опишуваат луѓето кои со своето однесување на никој начин не им помагаат на другите во овие тешки времиња.

Овој збор ги опишува сите оние што активно патуваат од избивањето на пандемијата, ризикувајќи ширење на инфекцијата, или оние што панично прават резерви, што предизвикува сериозни проблеми во некои области погодени од болеста.

Зборот веќе некое време кружи по социјалните мрежи со оглед на тоа што голем број корисници го изразија својот бес поради непримерното однесување на некои луѓе кои биле премногу опуштени или исплашени за да размислуваат за другите.

Извор: B92
Фото: Twitter