Можности за регрутација и мрежно поврзување на Саемот за кариера на Меѓународниот факултет на Универзитетот „Шефилд“, Сити колеџ

Можности за регрутација и мрежно поврзување на Саемот за кариера на Меѓународниот факултет на Универзитетот „Шефилд“, Сити колеџ

Претстојниот Саем на кариера на Меѓународниот факултет на Универзитетот „Шефилд“, Сити колеџ, на својот кампус во Солун ќе дочека повеќе од 40 компании, учесници од различни индустриски сектори, што дава идеална можност за вмрежување и регрутирање на талентирани студенти од различните додипломски и постдипломски програми. Саемот на кариера за 2019 година ќе се одржи на 16 мај во Солун.

Целта на организирањето на овој саем е поврзување на високообразовните кадри што дипломираат на Меѓународниот факултет на Универзитетот „Шефилд“ и компаниите од регионот, како и зајакнување на односот меѓу индустријата и академската заедница. На компаниите што сакаат да инвестираат во млади и добро образовани, дипломирани студенти им се дава можност да спроведат интервјуа, да го пополнат портфолиото за потребни тековни и идни работни позиции. Од друга страна, студентите имаат можност да ги презентираат своите достигнувања и вештини, да се запознаат со идните работни места одблиску, директно да се поврзат со компаниите, со крајна цел да добијат понуда за работа со полно работно време или за стажирање.

2

Традиционално, Саемот за кариера на Сити колеџ е еден од најпосетуваните настани од страна на тукушто дипломираните студенти, но исто така и од компании од регионот кои воспоставуваат и меѓусебни контакти и бизнис-релации. Компаниите од Северна Македонија што сакаат да учествуваат на Денот на кариера 2019 на Меѓународниот факултет на Универзитетот „Шефилд“, Сити колеџ, може да го пополнат онлајн-формуларот за учество и да добијат повеќе информации ТУКА.

3