„Коудкадеми“ им нуди бесплатни курсеви на оние што ја изгубиле работата
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Новата иницијатива на „Коудкадеми“ има цел да им помогне на луѓето што ја изгубиле работата да добијат нови вештини за време на кризата.
Пандемијата на коронавирусот има огромни ефекти врз глобалната економија. Само во САД над 22 милиони луѓе останале без работа од почетокот на кризата. За да им помогне на невработените, „Коудкадеми“ претстави нова иницијатива која е насочена кон оние што ја изгубиле работата поради кризата предизвикана од пандемијата.
Фото: Pixabay
Компанијата ќе им понуди бесплатен пристап до своите платени курсеви на зафатените од кризата. Според планот, за една платена членарина компанијата ќе понуди пет бесплатни членарини. До крајот на кампањата, компанијата се надева дека ќе обезбеди 100.000 бесплатни членарини за своите курсеви.
Пријавувањето за бесплатните членарини почна на 23 април. Десетици луѓе веќе добиле бесплатни членарини за време на пробниот период на програмата изминатиот месец.
„Коудкадеми“ во март претстави програма за стипендии со која им се додели 100.000 стипендии на ученици за следење на курсевите на платформата. Беа одобрени 10.000 стипендии за само три дена на ученици од 147 земји во светот.
Автор: Џонатан Грег
Извор:
techrepublic.com