Кина ќе воведе вештачка интелигенција во сите нивоа на образованието
Подготвил:
Билјана Спиркоска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Кина планира темелна реформа на образовниот систем преку интеграција на вештачка интелигенција (ВИ) во сите нивоа на образованието. Велат дека ВИ ќе стане составен дел од учебниците, наставата и школскиот курикулум од основно, па до факултет.
Според тамошното министерство за образование, целта на мерката е да поттикне иновации и да развие нови извори за економски раст. Велат дека воведувањето на ВИ би требало да помогне во развојот на основните вештини на учениците и наставниците, вклучувајќи го и независното размислување, решавањето на проблемите, комуникацијата и соработката.
Според светските медиуми, одлуката доаѓа откако кинеските универзитети веќе вовеле изучување на ВИ, особено откако на почетокот од годинава „Дипсик“ крена голема прашина со претставување на ВИ модел кој е поевтин за развој од американскиот конкурент.
Освен тоа, Кина претстави и прв национален акциски план со цел до 2035 година да стане нација на силно образование, при што клучна улога имаат ВИ и другата модерна технологија.
Извор:
Bug
Фото: Freepik