Австриски ски-центар најави отворање на летна сезона на скијање

Австриски ски-центар најави отворање на летна сезона на скијање

Подготвил: Драгана Петрушевска

Скијачката сезона во Европа беше стопирана во март поради пандемијата на коронавирус, но љубителите на зимските спортови ќе имаат можност да се вратат на Алпите пред крајот на мај. Операторите на летниот скијачки центар на глечерот Хинтертукс ветуваат одлични снежни услови.

- На 29 мај планираме да ги отвориме ски-лифтовите, нашата гастрономија на планината и најпопуларните дестинации за екскурзии на глечерот - изјавиле од агенцијата која го оперира ски-центарот.

Според нив, има 3,4 метри снег на глечерот. Повеќето ски-центри се затворени или нудат малку активности како возење велосипед или планинарење во текот на летото. Но во Европа, некогаш може да остане снег на алпските глечери.


Фото: Facebook

Хинтертукс се наоѓа на оддалеченост од 25 километри од градот Инсбрук, а до глечерот се стигнува со автобус или автомобил. Ски-лифтовите се искачуваат на височина од 3.250 метри. Скијачкиот центар најчесто е отворен во текот на целата година.

Австриската влада неодамна објави дека сите хотели, како и туристичките атракции и базените може да продолжат со работа од 29 мај, иако ќе бидат забранети поголеми настани до крајот на јуни.

Извор: independent.co.uk