Апликацијата за „Јутјуб“ ќе добие тајмер за „спиење“

Апликацијата за „Јутјуб“ ќе добие тајмер за „спиење“

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Тајмерот за „спиење“ е многу корисна функција за уредите и апликациите, а наскоро треба да ја добие и апликацијата за популарниот видеосервис „Јутјуб“. 

За разлика од „Јутјуб“, апликацијата „Јутјуб мјузик“ има тајмер за спиење кој е едноставен и практичен. Дека истата функција пристигнува и на „Јутјуб“ открива кодот на верзијата на апликацијата 19.25.33 за „Андроид“. Се чини дека корисниците ќе добијат опција да одредат час и/или минути додека содржината не престане да се прикажува, а тајмерот ќе може да се прикажува и како известување.

Корисниците ќе можат да го ресетираат тајмерот или да кликнат на копчето „готово“ за да продолжат да ја гледаат содржината, така што секогаш ќе имаат опција да го спречат стопирањето на емитувањето доколку сакаат да продолжат да ја гледаат или да ја слушаат содржината.

Досега алтернатива беа апликациите од трети страни за „Андроид“ или системскиот тајмер за „ајфон“ за да се спречи „Јутјуб“ автоматски да прикажува содржини, по одреден временски период.

Извор: klix.ba

Фото: Freepik