Како да го заштитите мобилниот телефон од високите температури?

Како да го заштитите мобилниот телефон од високите температури?

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Екстремната топлина освен што претставува закана за јавното здравје, може да го оштети и телефонот. Директната сончева светлина може брзо да ја зголеми температурата на уредот. Како да го заштитите во тој случај?

Ако мобилниот телефон се загрее премногу, некои функции може привремено да се оневозможат, а во екстремни услови уредот ќе престане да работи. Оставањето на вашиот паметен телефон во многу такви услови може трајно да го скрати векот на батеријата и да ги оштети другите делови.

Предупредување за високите температури


Ако на екранот се појави порака за предупредување за температура, исклучете го телефонот, преместете го во поладна средина, подалеку од директна сончева светлина и оставете го да се излади најмалку 15 минути. Исклучете ги апликациите и функциите што не ги користите за да го намалите обемот на работа на процесорот и да го намалите создавањето топлина. Избегнувајте да го ставате телефонот во близина на други уреди што емитуваат топлина, како што се лаптопи или таблети.

За да избегнете да ја достигнете точката на прегревање и за вашиот паметен телефон да функционира правилно на топлина, не користете го постојано на директна сончева светлина. Полнењето на уредот може дополнително да ја зголеми температурата. Ако треба да го полните, обидете се да го направите тоа на поладно место. Не оставајте го во паркиран автомобил или во близина на извор на топлина. Отстранете го заштитниот капак од телефонот бидејќи некои може да ја задржат топлината и користете го режимот за слаба енергија, што оневозможува некои активности во заднина.

Извор: n1info.hr

Фото: Freepik