Фотограф чекал 6 дена за да направи совршена слика од леопард и црн пантер

Фотограф чекал 6 дена за да направи совршена слика од леопард и црн пантер

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Живеењето во голем град со автомобили, огромни згради и луѓе кои постојано брзаат некаде лесно прави да заборавиме на чудата што ги создала природата. За среќа, постојат талентирани луѓе кои секогаш наоѓаат начин да нè потсетат токму на овие чуда. Еден од нив е фотографот Митон, чија страст е дивиот свет.

Митон е фотограф на дивиот животински свет со посебна љубов кон големите диви мачки, особено леопардите. Неговиот инстаграм-профил е преполн со величествени фотографии од овие диви мачки, а се чини дека луѓето доста уживаат во неговите фотографии.

1

Неодамна Митон сподели една фотографија на која успеал да ја фати неверојатната глетка од леопард и црн пантер. Се чини како црниот пантер да е „сенка“ на леопардот. Интересно е тоа што и двете мачки смирено зјапаат во камерата. Фотографијата за брзо време стана вирална, а луѓето беа апсолутно воодушевени.

Митон ја нарече фотографијата „Вечната двојка“ и вели дека моментот кога ги сликал ќе остане засекогаш врежан во неговото сеќавање.

3

- Кога ќе ги затворам очите, повторно можам да го доживеам овој момент. Оваа глетка не се гледа секој ден и е шанса што се јавува само еднаш во животот. Момент што бара многу чекање и трпение. Чекав 6 дена за ова, на истото место, бидејќи можев да ги слушнам пантерот и Клеопатра на 100 метри оддалеченост, но не можев да ги видам поради ограничената видливост. Но, би чекал и 6 години за ваков момент - вели фотографот.

4

- Преку мојата работа сакам да помогнам во подигнувањето на свеста за зачувувањето на леопардите. Тие се најзапоставените големи мачки низ целиот свет и се во опасност поради судир со луѓето на рабовите на шумите. Луѓето треба да ја сфатат нивната убавина и грациозност и нивната важна улога во екосистемот - вели Митон.

5

Извор: Bored Panda
Фото: Instagram