Постапокалиптичен филм е најгледан на „Нетфликс“ во моментов

Постапокалиптичен филм е најгледан на „Нетфликс“ во моментов

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Филмот „Птичја кутија Барселона“ (англ. Bird box Barcelona) е шпански постапокалитичен хорор-трилер кој го режирале и напишале Дејвид и Алекс Пастор. Станува збор за приказна поврзана со онаа во популарниот филм „Птичја кутија“ (англ. Bird box) кој излезе во 2018 година, а беше адаптација од истоимениот роман од Џош Малерман од 2014 година.

Во главните улоги на новиот шпански филм се Георгина Кемпбел, Марио Касас и Диего Калва.

Во филмот, мистериозна сила убива голем дел од глобалната популација, предизвикувајќи секој што ќе ја види да си го одземе животот. Себастијан и неговата ќерка Ана се движат низ напуштените улици на Барселона и формираат сојуз со другите преживеани. Додека се упатуваат кон безбедно засолниште, пристигнува закана која е уште позлобна од невидливите суштества.

Филмот има оцена од само 5,3 на ИМДБ, но веќе бил гледан 30 милиони часа. Критичарите не се воодушевени и го опишуваат како копија на други постапокалиптични филмови.


Извор: B92
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)