Откриена е годишната заработка на принцот Вилијам по добивањето на новата титула

Откриена е годишната заработка на принцот Вилијам по добивањето на новата титула

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Принцот Вилијам добил неверојатни 23,6 милиони фунти приход од неговиот имот во Војводството Корнвол во текот на финансиската 2023-2024 година.

Според извештаите, имотот на Вилијам (Војводството Корнвол го наследи од неговиот татко, кралот Чарлс III кога седна на тронот во септември 2022 година) направил дистрибутивен вишок од 30 милиони долари од своите инвестиции, според најновиот интегриран годишен извештај.

Заедно со имотот, Вилијам ја доби титулата војводата од Корнвол. Исто така, извештајот откри дека Вилијам, страстен фудбалски навивач, ја добил титулата покровител на Фудбалската асоцијација. Таа титула претходно ја имаше неговата баба, кралицата Елизабета Втора.

Исто така, му беа дадени овластувања над добротворната организација на Велшката гарда и Кралското земјоделско друштво на Корнвол и беше назначен за претседател на здруженијата „Викторија Крос“ и „Џорџ Крос“. Но, Вилијам се откажа од својата титула како претседател на „Филдс ин траст“, организација која ги штити парковите и зелените површини низ Велика Британија.

Официјално, Војводството е приватен имот кој ги покрива Вилијам, Кејт Мидлтон и нивните три деца за нивните службени, хуманитарни и приватни активности. Имотот е проценет на повеќе од милијарда долари и бил основан во 1337 година од кралот Едвард Трети за да обезбеди средства за наследникот на тронот и генерациите што доаѓаат.

Војводата од Корнвол доброволно плаќа данок на доход на годишниот вишок на приход што го добива по одбивањето на деловните трошоци. Имотот е ослободен од данок на доход бидејќи не е посебно правно лице.

Минатата година Војводството заработи околу 29 милиони долари, иако Вилијам доби само мал дел од тоа бидејќи ги наследи титулата и имотот на половина од фискалната година.

Од 29 милиони долари тој добил нешто повеќе од 7,4 милиони долари.

Извор: Klix.ba
Фото: Instagram