Моржови нападнале и потонале брод на руската морнарица

Моржови нападнале и потонале брод на руската морнарица

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

При чуден развој на настаните брод на руската морнарица бил нападнат и потонат од моржови за време на експедиција во Арктикот.

Ремокерот „Алтаи“, кој е дел од северната флота на руската морнарица, отпловил кон архипелагот наречен Земјата на Франц Јозеф во Арктикот носејќи истражувачи од Руското географско друштво.

- Поларните латитуди се полни со многу опасности - истакна истражувачката група во неодамнешно соопштение.

Една од тие опасности очигледно се и моржовите, животни кои можат да тежат по еден тон и може да бидат прилично брутални кога се под закана.

За да се спасат истражувачите и другите членови на експедицијата, морале да се потпрат на помали бродови. При едно истоварување на копното група истражувачи морале да бегаат од женка морж која, додека ги штитела своите мали, го нападнала бродот на експедицијата.

Ремокерот „Алтаи“
Фото: Science Alert

Од руската армија додадоа дека сериозните неволји биле избегнати благодарение на чистите и добро координирани дејства на екипажот, кој успеал да го оттргне бродот од животните без да ги повреди.

Според известувањата, во близина на моржовите имало дрон и не е јасно дали тоа ја предизвикало агресијата. Иако руската војска не споменува загуба на опрема, географското друштво беше поотворено.

- Моржови го нападнаа бродот, кој потона, но беше избегната трагедија благодарение на јасното дејствување на лидерот на групата. Сите учесници безбедно стасаа до копното - објаснија од истражувачката група.

Ова не е прв „судир“ меѓу руската војска и моржовите. Во мај беа објавени фотографии за кои се верува дека се од 2006 година, а на кои може да се види голем морж како спие на руска подморница.