Србија: Студентите ѝ ги предадоа клучевите од Ректоратот на ректорката
Студентите од Здружението „Еден од пет милиони“ ѝ ги врачија на ректорката на Белградскиот универзитет, Иванка Поповиќ, клучевите од зградата на Ректоратот, со што ѝ се стави крај на блокадата на таа зграда, јави Бета.
Студентите ја држеа зградата на Ректоратот во блокада 12 дена, барајќи да се испита докторатот на министерот за финансии Синиша Мали.
Транспарентот „Блокада е во тек“ е отстранет и заменет со нов – „Не ја даваме ректорката“.
Извор: МИА