Синиот рај што ги збунува научниците - единствениот глечер што расте
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Планини прекриени со снег, зелени водопади што паѓаат преку црни камења, ерупција на лава, чисти езера, вулкани, шуми и глечери... ова се само дел од занимливостите на регионот Патагонија, кој е полн со скриени убавини.
Неверојатното количество мраз опкружено со бескрајна шума привлекува голем број туристи - сите желни да го видат „осмото светско чудо“ и еден од најголемите извори на вода што може да се пие.
Џиновските блокови со сино-бел мраз паѓаат во езерото Аргентино на секои две до четири години, предизвикувајќи силен тресок и неверојатни бранови. Оваа неверојатна глетка ја доживуваат оние што имаат најголема среќа, а „претставата“ почнува во март.
Перито Морено е единствениот глечер што расте и не се намалува како другите. Научниците сè уште не знаат зошто е така.
Фото: Pixabay