Од идната година ќе имаме директни летови до Барселона, Дубаи, Истанбул...
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, денеска најави нови дестинации до кои македонските граѓани ќе можат да патуваат со директни летови.
-Од Скопје директно ќе се лета кон Барселона, Дубаи, Лион и Штутгарт, а од охридскиот аеродром кон Истанбул и Базел. Ова се новите дестинации што ќе се воведат следната година, а избрани се согласно јавниот повик за финансиска поддршка за нови дестинации - истакна Николоски.